Top Sport

Розберг: Хамилтон ја доби титулата на подарок, Хамилтон: Тој не знае што зборува

Луис Хамилтон одговори на коментарите на неговиот поранешен колега, Нико Розберг дека титулата оваа година тој и Мерцедес ја добија „на тацна“ по грешките на Ферари и Себастијан Фетел.

Британецот е на чекор до петтата светска титула на Мексиканското ГП овој викенд, бидејќи му треба само пласман во топ 7 доколку Фетел не победи. Розберг, кој го победи Хамилтон за титулата во 2016 година и беше најлут ривал на Британецот, вели дека шампионатот бил едностран.

„Фетел е катастрофален во последните неколку месеци, заедно со неговиот тим. Толку е еднострано од крајот на летото. Изгледаше дека Фетел ќе ја освои титулата лесно, но работата комплетно се сврте. Така не можеш да го победиш Луис, бидејќи тој не греши“, изјави Розберг.

Хамилтон не се согласува со ова мислење, и одговори дека тој и неговиот тим работеле напорно за победите.

„Гледам дека некои луѓе велат дека работите ни ги дадоа во раце, со што ја потценуваат работата на тимот и тоа што јас го направив. Кога ја освоив првата титула, еден од поранешните шампиони кажа дека втората ќе биде потешка. И следната, и следната… Но, ова е една од најдобрите години кои сум ги имал и горд сум што тоа го направив со работа, а не со подарување“, одговори Хамилтон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top