Роберт Кубица, резервниот возач на Вилијамс, открива дека поранешниот светски шампион Нико Розберг веќе не е дел од неговиот менаџерски тим, откако претходно учествуваше во преговорите со англискиот тим во обид да добие тркачко место.
На крајот, Вилијамс се решија за Сергеј Сироткин како замена за Фелипе Маса и Кубица доби улога на резервен возач. Розберг сега се фокусира на другиот бизнис, како инвестицијата во Формула Е.
„Соработувавме на крајот на минатата година и имавме одлични односи, но засега, тој има други обврски и семејство. Сепак, остануваме во контакт“, вели Кубица за „Аутоспорт“.