Поранешниот светски шампион и ексколега на Луис Хамилтон, Нико Розберг вели дека критичарите не сакаат да признаат дека Џорџ Расел доминираше над седумкратниот светски шампион на трката во Имола минатиот викенд, кога младиот Британец оствари четврти пласман во топ 5 за Мерцедес.
Хамилтон, кој загуби и во квалификациите и во спринтерската трка од колегата, ја помина трката далеку во средината, завршувајќи на 13. место.
„За Џорџ, ова е големо разочарување бидејќи ја започна сезоната мислејќи дека ќе се бори за победи, можеби дури за титули. Но, тој е млад и има огромна шанса да го победи во ист болид најдобриот на сите времиња. Џорџ покажа дека може да се носи со Луис, и тоа ќе го диктира остатокот на неговата кариера ако Мерцедес го заддржат. Во Имола тој првпат доминираше над Луис и сите го потценуваат тоа. Беше четири десетинки побрз од него цел викенд и го покажа својот потенцијал“, вели Розберг за „Скај спортс“.