Руското ГП ќе се пресели од Сочи на новата патека „Игора драјв“ во Санкт Петерсбург во 2023 година, потврди Формула 1 шампионатот.
Сочи е домаќин на Руското ГП од 2014 година, со улична патека околу Олимпискиот парк, но сега трката се сели на новата патека, дизајнирана од славниот Ф1 дизајнер Херман Тилке.
„Комплексот се состои од 10 посебни патеки за тркање и тестирање на простор од 100 хектари на 54 километри од Санкт Петерсбург. Во 2020 патеката доби најдобри оценки од ФИА“, објавија од Ф1.
Овогодишната трка во Сочи ќе се оддржи на 26 септември. Актуелните шампиони Мерцедес победија на сите седум Руски ГП трки досега, а Луис Хамилтон има четири победи.