Возачот на Ферари, Карлос Саинс Јуниор вели дека е разочаран од спората реакција на маршалите на Австриското ГП во неделата, кои не биле доволно брзи да му помогнат кога неговиот болид се запали.
Откако беше многу блиску зад Макс Ферстапен во борба за второто место на трката во Австрија, моторот на Ферари откажа и се запали кога тој застана покрај патеката. До него имаше само еден маршал кој се обидуваше да му помогне.
„Тоа беше навистина чудно. Видов дека има оган преку ретровизорот и бев изненаден што никој не дојде да ми помогне. Во еден момент морав да скокнам од болидот иако тој е движеше, бидејќи имаше оган. Дури тогаш првиот маршал помогна да го сопрам болидот“, вели Саинс.
Бидејќи ова му беше дури четврто откажување оваа сезона, Саинс е четврти во генерален пласман со 133 поени, 75 зад лидерот Макс Ферстапен и 37 зад својот колега и победник во Австрија, Шарл Леклер.
A tough break for Carlos Sainz #AustrianGP #F1 pic.twitter.com/cEV04FoRzY
— Formula 1 (@F1) July 10, 2022
Who else thinks the FIRE response team at F1 is just NOT quick enough #AustrianGP #F1 #CarlosSainz pic.twitter.com/E7A2iaRZoe
— Ash (@AyushSharma0563) July 10, 2022