Top Sport

Само Валентино Роси во одбрана на Лоренцо: Се случува (видео)

Лошата сезона стана уште полоша за Хорхе Лоренцо, откако тој успеа да ги собере Андреа Довициозо во Дукати и двојката на Јамаха, Маверик Вињалес и Валентино Роси во вториот круг на Каталонското ГП, дозволувајќи неговиот колега од Хонда, Марк Маркез  да стигне до убедлива победа и да направи предност од 37 поени во генерален пласман.

Без топ 10 пласман оваа сезона, трикратниот светски шампион, сепак, нема да добие казна за инцидентот, за кој се извини на ривалите.

„Се чувствував многу добро кога почнавме, и видов шанса да го поминам Маверик. Но, тоа беше погрешниот момент и бевме на погрешно место. Реагирав со преголема возбуда, но не направив некое страшно кочење, туку нормално, но проблемот беше што имаше многу мотоцикли околу мене.  Најлошото е што натерав уште тројца да излетаат, а тие се борат за титулата. Морав да се извинам, но знам дека тоа не е доволно“, изјави Лоренцо.

Вињалес, кому ова му е третпат да биде „собран“ оваа сезона побара „остра казна“, додека и Довициозо не беше многу расположен да му прости на Лоренцо. Сепак, неговиот поранешен колега од Јамаха, Валентино Роси.

„За жал не успеав да го избегнам мотоциклот на Хорхе. Се обидов да останам на патеката, но и јас излетав. Малку ме болки скочниот зглоб и стапалото, но се случува. Ова е тркање и инцидентите се дел од него“, изјави Роси.

Scroll to Top