Top Sport

Се прави место за Фетел? Рено преговара со Ботас за 2021

Германските медиуми тврдат дека Рено почнале преговори со Валтери Ботас, кој би требал да го замени Даниел Рикардо (кој замина во Мекларен) за 2021 година, и во исто време би отворило „врата“ Себастијан Фетел да потпише со Мерцедес.

Минатата недела се случи „потрес“ на пазарот на возачи, по одлуката на Себастијан Фетел да замине од Ферари на крајот на сезоната, по што неговото место беше пополнето од Карлос Саинс Јуниор од Мекларен, кои пак го земаа Рикардо од Рено по само две сезони.

Иако се веруваше дека Фетел и Фернандо Алонсо се потенцијални кандидати за местото во Рено, тешко дека двајцата поранешни шампиони ќе се решат за тим кој нема шанси за победи. Според „Моторспорт-Тотал“, шефот на Рено, Сирил Абитебул веќе преговарал со менаџерот на Ботас, Дидие Котон за можна соработка за 2021 година.

Ферари и Мекларен веќе имаат сигурни возачи за 2021 и пред стартот на 2020, така што останува да се реши кој ќе вози за шампионите Мерцедес, бидејќи договорите на Луис Хамилтон и Ботас завршуваат на крајот на 2020.

Scroll to Top