Сем Брд „преживеа“ казна со влегување во боксот за да стигне до одлична победа на првата трка од Формула Е сезоната во Хонгконг.
Брд го презеде водството од освојувачот на пол-позицијата, Жан-Ерик Верњ во првиот дел од трката, по што доби казна за грешка во боксот при менувањето на болидот и за малку ќе удреше дел од луѓето во близината на неговиот бокс.
Drama in the pit lane as @sambirdracing misses his garage… #HKEPrix pic.twitter.com/56TaD6ppVV
— FIA Formula E (@FIAFormulaE) December 2, 2017
Откако ја отслужи казната, тој остана на првото место, пред Верњ и Ф1-ветеранот, Ник Хајдфелд за победа. Актуелниот шампион, Нелсон Пике Јуниор беше четврти, пред Даниел Абт, Феликс да Коста, Феликс Розенквист, Едоардо Мортара, Алекс Лин и Николас Прост, синот на четирикратниот Ф1 шампион, Алан.
Формула Е е тркачка серија на болиди на електричен погон, и поради краткото траење на акумулаторите има промена на болидите. Утре на програмата има уште една трка во Хонгконг.
Cracking move from @sambirdracing to take the lead from @JeanEricVergne #HKEPrix pic.twitter.com/Hg9KmDNoXS
— FIA Formula E (@FIAFormulaE) December 2, 2017
.@sambirdracing wins the 2017 FIA Formula E HKT Hong Kong E-Prix, with @JeanEricVergne and @NickHeidfeld make up the top three #HKEPrix pic.twitter.com/y1v8oYXIXK
— FIA Formula E (@FIAFormulaE) December 2, 2017