Top Sport

Сем Брд со победа на отварањето на Формула Е сезоната (видео)

Сем Брд „преживеа“ казна со влегување во боксот за да стигне до одлична победа на првата трка од Формула Е сезоната во Хонгконг.

Брд го презеде водството од освојувачот на пол-позицијата, Жан-Ерик Верњ во првиот дел од трката, по што доби казна за грешка во боксот при менувањето на болидот и за малку ќе удреше дел од луѓето во близината на неговиот бокс.

Откако ја отслужи казната, тој остана на првото место, пред Верњ и Ф1-ветеранот, Ник Хајдфелд за победа.  Актуелниот шампион, Нелсон Пике Јуниор беше четврти, пред Даниел Абт, Феликс да Коста, Феликс Розенквист, Едоардо Мортара, Алекс Лин и Николас Прост, синот на четирикратниот Ф1 шампион, Алан.

Формула Е е тркачка серија на болиди на електричен погон, и поради краткото траење на акумулаторите има промена на болидите. Утре на програмата има уште една трка во Хонгконг.

Scroll to Top