Top Sport

Сер Луис Хамилтон официјално стана витез

Возачот на Мерцедес, освојувач на седум титули во Формула 1, Луис Хамилтон, официјално стана витез на Обединетото Кралство.

Хамилтон за витез, во замокот Виндзор, го прогласи престолонаследникот принцот Чарлс од Велс.

Возачот на Мерцедес титулата ја доби минатата година, кога ја освои седмата шампионската титула во Формула 1, со што на вечната листа се израмни со Михаел Шумахер.

Пред Хамилтон тројца Формула 1 возачи биле прогласени за витези, тоа се: Џеки Стјуарт, Џек Брабан и Стерлинг Мос.

Scroll to Top