Легендата на Формула 1, најдобриот возач без титула, Сер Стирлинг Мос реши да се повлече од јавниот живот на 88 години за да се фокусира на своето здравје и на семејството.
„На сите пријатели и фанови низ светот, мојот татко би сакал да објави дека се повлекува од јавниот живот. По инфекциите на крајот на 2016 и тешкото опоравување, тој и мојата мајка утврдија дека е најдобро тој да се пензионира и да поминува повеќе време со семејството“, објави неговиот син Елиот Мос.
Минатата година, неуморниот Мос беше во болница во Сингапур неколку месеци со сериозна инфекција на градите. Мос е победник на 16 ГП трки од 1955 до 1961 година со Мерцедес, Масерати, Купер и Лотус, завршувајќи како второпласиран во шампионатот дури четири пати.
До хоспитализирањето во декември 2016 година, Мос постојано патуваше низ сите моторспорт настани низ светот и честопати учествуваше во промотивни трки како таа на „Фестивалот на брзината“ во Гудвуд.