Светскиот шампион Луис Хамилтон постави најдобро време на последниот ден тестирање во Барселона, импресионирајќи со „средни“ гуми со својот Мерцедес.
Хамилтон го симна од врвот возачот на Мекларен, Штофел Фандорне, откако Белгиецот имаше низа на брзи кругови на „хипер-меки“ гуми откако патеката се исуши во текот на попладнето. Времето на Фандорне беше доволно за второ место со половина секунда заостанување зад Хамилтон, додека трет беше Себастијан Фетел во Ферари со „меки“ гуми, пред Кевин Магнусен во Хас.
Откако помина 110 кругови, Фандорне го предаде болидот на Фернандо Алонсо во последните два часа, и тој додаде 51 круг на 62 кои ги комплетираше во претходните два дена за да заврши во топ 5.
Вкупно 15 од 20-те Ф1 возачи беа во акција во текот на денот, а Рено, Вилијамс, Мерцедес, Заубер и Мекларен им дадоа шанса на двајцата возачи бидејќи температурата беше околу 13 степени, за разлика од средата кога во Барселона имаше снег.
Еден тим не успеа да направи многу – Ред бул. Макс Ферстапен поголемиот дел од утрото го помина во гаражата, излегувајќи на патеката во 12.30 часот и комплетирајќи 35 кругови пред да излета на 12-тата кривина. Тој заврши на деветтото место.
Ф1 тимовите сега ги очекува пауза од четири дена, пред да почне вториот и последен тест на истата патека од вторник.
Times and lap counts from a very productive Thursday at @Circuitcat_eng
Almost the entire field got a feel for the conditions ?#F1 #F1Testing pic.twitter.com/BFUSkd0j2Z
— Formula 1 (@F1) March 1, 2018