Новокрунисаниот Мото ГП шампион, Марк Маркез беше најбрз на вториот, последен ден тестирање по крајот на сезоната во Валенсија.
Маркез успеа да избие на првото место во попладневната сесија за да постави време од 1:30.033 на патеката „Рикардо Тормо“. Неговото време беше за 0.156 секунди побрзо од најдоброто време во вторникот на Маверик Вињалес во Јамаха и речиси една секунда побрзо од времето на колегата Дани Педроса на второто место.
Јохан Зарко остана супер-брз, завршувајќи само три илјадити делови од секундата зад Педроса на третото место, пред Хорхе Лоренцо во Дукати и Вињалес на петтото место, со една десетинка пред колегата Валентино Роси, кој се врати во акција по тешкиот пад во вторникот.