Top Sport

Шампионската сезона 2019 ги чинела Мерцедес речиси половина милијарда долари

Формула 1 шампионите, Мерцедес, потрошиле фантастични 442 милиони долари минатата сезона за да ја освојат двојната титула, но сепак, на крајот завршиле во позитива, покажуваат нивните смектоводствени документи.

Мерцедес се на добар пат и оваа сезона да стигнат до двојната титула седми пат едноподруго, откако Луис Хамилтон има 47 поени пред Макс Ферстапен во Ред бул по седум трки.

Резултатите до крајот на декември покажале дека Мерцедес направиле чист профит по плаќање на даноци од 19.5 милиони долари, во споредба со 16.7 милиони долари во 2018 година. Лани тие победија на 15 трки, вклучувајќи девет во кои имаа 1-2 финиш и имаа вкупно 32 подиуми.

Резултатите исто така покажуваат дека Мерцедес имале одлични 23.6 отсто од ТВ-преносите, со што добиле рекламна вредност од 5.406 милијарди долари за своите спонзори и партнери. Прходот беше 483.2 милиони долари, најмногу од спонзорите и маркетиншката вредност.

Од следната сезона, Формула 1 ќе постави ограничен буџет од 145 милиони долари, мотивиран од доминацијата на Мерцедес. Платите на возачите и маркетиншките трошоци се исклучени од оваа сума.

Scroll to Top