Ферари направија убав гест и на својот возач Шарл Леклер му го подарија СФ90 болидот, со кој тој ги оствари своите први две победи во Ф1 кариерата.
Леклер дојде во Ферари во 2019 година, откако во првата сезона се тркаше со Заубер (сегашните Алфа Ромео), и со црвениот болид имаше 8 подиуми и две победи, на легендарните патеки во Спа и Монца.
На социјалните мрежи, Леклер се пофали со камионот паркиран во неговата гаража на која беше болидот.
„Само што ми пристигна нешто посебно дома“, напиша Леклер.
Лани, Скудерија му го подари на Кими Раиконен СФ71Х болидот, со кој тој ја оствари својата последна победа со тимот во 2018 година.