Шарл Леклер (21), пилотот на Ферари во Формула 1 попладнево имаше најдобро време во квалификациите за Големата награда на Бахреин.
Леклер го извозе најбрзиот круг со време од 1:27.866 секунди. Втор беше Германецот Себастијан Фетел исто така од Ферари, со време 1:28.160, додека трет стартно-целната рамнина ја помина британецот Луис Хамилтон од Мерцедес со време 1:28.190.
Леклер ја вози втората сезона во Формула 1, а ова за него прва пол-позиција во кариерата.
Трката за Големата награда на Бахреин ќе се вози утре на патеката „Сакир“ со почеток во 17 часот.