Top Sport

Шефот на Ред бул контра Ф1 – во Австрија овој викенд ќе има девојки на стартот

Иако Формула 1 официјално се откажа од „традицијата“ да има убави девојки на стартот на Ф1 трката, тие ќе се вратат овој викенд на патеката Ред бул ринг во Шпилберг откако сопственикот Дитрих Матешиц реши да се спротистави на одлуката.

Матешиц, милијардерот кој е сопственик на тимовите на Ред бул и на Торо росо, исто така е сопственик на патеката на Австриското ГП и сам се спротиставува на одлуките на новите сопственици на спортот „Либерти медија“.

„Се работи за неверојатно куклено шоу. Формула 1 има многу поважни работи за промена од убавите девојки на стартот“, изјави Матешиц за весникот „Кронен“.

Во Шпилберг традиционално се присутни таканаречените „Формула уна“ девојки во традиционалниот дирндл австриски фустан и таа традиција ќе продолжи.

Scroll to Top