Top Sport

Шефот на Ред бул смета дека Мерцедес притискале Маси да се смени

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер вели дека сочувствува со Мајкл Маси, Австралиецот кој ја загуби позицијата на директор на Ф1 трки како резултат на контроверзното Абу Даби ГП на кое одлучи да му даде шанса на Макс Ферстапен да го совлада Луис Хамилтон за светската титула.

Маси одлучи безбедносното возило да излезе од патеката во последниот круг од трката, а болидите кои беа меѓу Хамилтон и Ферстапен да го претекнат безбедносното возило, по што следуваа голем број на протести од Мерцедес, и според многумина „уцена“ од германската компанија дека Маси мора да замине.

ФИА реши да го смени Маси пред сезоната 2022 и да воведе еден вид на „ВАР-систем“ од следната сезона.

„Тоа е тешко прашање. На крајот, тоа е работа на ФИА, но мислам дека беше престрого, бидејќи тој беше во многу тешка позиција минатата година. Сметавме дека многу од одлуките кои тој ги правеше беа против нас лани. Кога ќе видите што имаше тој како ресурси лани, во споредба со тимовите, има огромна разлика. Добро е што ќе има ВАР и искусни момци, но имаше преголем притисок да се смени Мајкл и тоа не е во ред. Тоа е моето лично мислење“, вели Хорнер.

Scroll to Top