Top Sport

Шефот на Вилијамс позитивен на коронавирусот

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, ќе ја пропушти трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Капито е позитивен на коронавурисот и се наоѓа во изолација.

Позитивно за тимот на Вилијамс е што активностите на тимот се одвиваат непречено, во пресрет на трката.

Вилијамс зад себе има успешна сезона, Николас Латифи и Џорџ Расел му донесоа на тимот 23 поени. Расел една трка заврши на подиумот, беше втор на контраверзната трка во Белгија.

Големата награда на Саудиска Арабија ќе се вози на 5.декември.

Scroll to Top