Top Sport

Шестмина на сослушување во Мото ГП

По инцидентите во Австрија и Чешка, првите луѓе на Мото ГП решиле да организираат сослушувања на сите возачи кои беа инволвирани во инцидентите.

Членовите на панелот (Бил Камбоу, Фреди Спенсер и Ралф Бонхорст) се разговараат со возачите. Во четврток ќе бидат сослушани Жоан Зарко, Франко Морбидели, Пол Еспаргаро и Мигел Оливеира, а во сабота стјуардите ќе разговараат со Алеиш Еспаргаро и Данило Петручи.

По сослушувањата Мото ГП ќе излезе со соопштение во јавноста.

„Нашата мисија е на возачите да им обезбедиме безбедност и да ги едуцираме, но и да ги спроведеме неопходните санкции кои се пропишани во правилниците“, појаснија од Мото ГП.

Повод за ваквата реакција од Мото ГП е страшниот инцидент во кој беа вклучени Зарко и Морбидели на трката во Австрија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');