Top Sport

Шумахер бил „шокиран“ од брзината на Валентино Роси

Поранешниот инженер на Ферари, Луиџи Мацола вели дека Мото ГП ѕвездата Валентино Роси го „шокирал“ седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер со неговиот прв тест за Ферари во Формула 1 во 2014 година.

Деветкратниот мотоциклистички шампион, Роси „флертуваше“ со Формула 1 повеќе пати во својата кариера, но посебно импресивен бил тестот со Фиорано во 2004 година кога работел со Михаел Шумахер, во моментите кога тој беше доминантниот Ф1 возач. Мацола се потсети на средбата.

„Не се сеќавам точно колку тестови направивме со Роси во Ферари, но мислам дека имаше вкупно седум. Прво, Валентино излезе на патеката и извозе 10 круга, и во последниот имаше фантастично време. Се сеќавам дека Михаел Шумахер, со кого ги гледавме податоците од телеметријата, имаше зачуден израз на лицето. Шокиран!“, вели Мацола.

Роси ќе тестира уште неколку пати во Формула 1 со Ферари од 2004 до 2009 година, но неговиот трансфер во Формула 1 не се оствари, и покрај шпекулациите дека Ферари во 2007 година му понудиле договор. Тој останува со страста за тркањето, откако лани повторно победи на Монца релито, трка која се оддржува на Ф1 патеката Монца.

Scroll to Top