Михаел Шумахер (49), легендата на Формула 1, во 2013 година доживеа тешка несреќа на скијање во Франција. Германецот, тогаш се здобил со тешки повреди на главата, неколку месеци беше кома, а откако ја напушти болницата префрлен е во семејниот дом во градот Гланд, кој се наоѓа на брегот на езерото Женева.
Од моментот кога Шуми е префрлен во семејниот дом, кружат секакви шпекулации околу неговата здравствена состојба. Речиси, ако не и сите информации за Шумахер, што не го објавува портпаролката Забине Кем, никогаш не добија потврда.
Семејството успеа максимално да ја задржи приватноста, поради што и најновата информација што ја пласира „Париз мач“, повикувајќи се на член на семејството, треба да биде земена со резерва.
Според овој извор, Шумахер се чувствувал добро, меѓутоа и понатаму бил врзан за инвалидската количка. Тој бил многу емотивен и често плачел.
„Кога ќе го постават покрај прозорецот и кога ќе ја здогледа прекрасната природна панорама што го опкружува, тогаш најчесто плаче“, рекол анонимниот роднина на сејмеството Шумахер.