Top Sport

Шумските пожари се закана за Големата награда на Канада

По Имола, уште една трка во Формула 1 би можела да биде откажана поради природна катастрофа. Поплавите ја откажаа трката во Италија, а пожарите сериозно и се закануваат на трката за Големата награда на Канада.

Големата награда на Канада е следната на распоредот, закажана за 18 јуни, но нема гаранции дека пожарот што го зафати регионот Квебек дотогаш ќе биде изгаснат.

Пожарите зафатија огромна шумска површина, а тенок слој смог се протега дури до центарот на Њујорк.

Ова доведе до најголемото загадување на воздухот во историјата на оваа област, што го загрози здравјето на луѓето, особено астматичарите и другите луѓе со респираторни и срцеви проблеми.

Канадските противпожарни служби известуваат дека се активни дури 152 шумски жаришта, од кои 113 се надвор од контрола.

Пожарите веќе принудија евакуација на околу 10.000 луѓе од нивните домови, додека 250 пожарникари од Канада, САД и Франција се очекува да пристигнат во текот на неделата.

Scroll to Top