Top Sport

Синот на Шумахер: Тешко е да се следат неговите чекори

Мик Шумахер тргна по стапките на својот славен татко, седумкратниот првак во Формула 1, Михаел Шумахер. Минатата сезона тој ја освои титулата во Формула 3.

Синот на Шумахер се стекнал со право за добивање на супер-лиценца за Формула 1, но 19-годишникот своите способност, оваа сезона, решил да ги покаже во Формула 2. Доколку тука се покаже не е исклучен трансфер во Формула 1.

„Трките во картинг се најнормалното нешто во моето семејство. Секогаш ми било забавно кога возев картинг со мојот татко. Се сеќавам на денот кога ме праша дали тоа ми е хоби или имам намера професионално да се занимавам со картингот. Му кажав дека сакам да бидам професионален возач. Никогаш не сум сакал да работам нешто друго“, рекол Мик Шумахер.

„Среќен сум што сум син на најголемиот возач на сите времиња. Му се восхитувам. Сепак, некогаш е многу тешко да се следат неговите чекори. Да се биде негов син има добри и лоши страни“, заклучил синот на Шумахер.

Михале Шумахер пред шест години, на 29 декември 2013 година доживеа несреќа на скијање во францускиот ски-центар мерибел. Оттогаш семејството вешто ги крие информациите за неговата здравствена состојба, а Мик никогаш јавно не проговорил за несреќата.

Scroll to Top