Top Sport

Ситроен му го прекинаа договорот на Мик поради „многу судири“! (видео)

Францускиот рели ВРЦ тим, Ситроен реши да го прекине договорот на британскиот возач Крис Мик поради безбедносни причини, односно поради „преголемиот број на судири“.

Возачот од Северна Ирска сега нема да вози во преостанатите трки од Светскиот шампионат, бидејќи дел од неговите судири биле „посебно тешки“ и можеле да имаат сериозни последици.

„Ризиците беа преголеми ако се земе во предвид дека се работи само за спорт, така што моравме да го прекинеме учеството на Крис Мик и неговиот ко-возач Пол Нејгл во ВРЦ“, објавија од тимот.

Мик минатиот викенд заврши во болница откако се удри во дрво на Португалското рели, на кое победи во 2016 година. Ова е прв ваков случај во ВРЦ, да се прекине договор поради преголем број на судири

Подолу прво можете да го видите страшниот судир во Португалија, како и компилација на постарите излетувања на Мик.

Scroll to Top