Top Sport

Славица Еклстоун горда на својата патека Пол Рикар

Сопственичката на патеката Пол Рикар во Франција, Славица Еклстоун е пресреќна што на нејзината патека овој викенд се враќа Француското ГП по десет години. Еклстоун ја доби патеката во близината на Марсеј како дел од разводот од поранешниот Ф1 шеф, Берни Еклстоун.

„Импресионирана сум од сѐ што е направено. Патеката е уникатна во споредба со другите патеки и бев пресреќна кога одлучија да има ГП трка тука“, вели Еклстоун по „инспекцијата“ на патеката со екс-Ф1 возачот, Жан Алези.

Славица Радиќ, инаку родена во Риека, се сретна со Берни Еклстоун кога работеше на промотивно случување за „Армани“ пред Италијанското ГП во Монца во 1982 година. Берни се заљуби во Хрватката и ја „бркаше“ долго време и покрај разликата од 28 години во возраста и јазичната бариера (Славица зборуваше само хрватски и италијански, а Берни само англиски). Тука исто така беше и разликата во височина – Славица има 1.88 метри, додека Еклстоун само 1.59 метри.

Сепак, тие беа во брак до 2008 година, кога Славица побара развод по 23 години заедно. Тие имаат две ќерки – 33-годишната Тамара и 29-годишната  Петра. Берни беше великодушен во разводот и и даде околу 980 милиони долари, вклучувајќи ја и патеката Пол Рикар.

Scroll to Top