Top Sport

Со Формула 1 болид низ Холандија (галерија+видео)

Овој викенд, Ред бул рејсинг и нивниот ас Макс Ферстапен требаше да се тркаат на првото Холандско ГП по 35 години на патеката Цантфорт, но поради пандемијата на корона вирусот, трката беше одложена.

Тоа не ги спречи Ред бул да ја посетат Холандија, организирајќи возење низ земјата пред да се случи пандемијата со холандска авантура „Од Порт до Цантфорт“ во која Ферстапен го возеше својот колега Александер Албон низ 10 познати локации во оваа земја.

Филмот почнува со излегување од пристаништето Ротердам, поминувајќи низ Ден Хаг, на песочните дини, преку познатите ветерници, до патеката Цантфорт, каде што двајцата имаа шанса да го возат последниот шампионски болид на Ред Бул, РБ8.


Scroll to Top