Луис Хамилтон вели дека состанокот во текот на зимата со шефот на Мерцедес, Тото Волф бил многу важен за „ресетирање“ на односите по проблематичната сезона 2016 и конфликтите со Нико Розберг.
Односите во Мерцедес станаа напнати откако Розберг го победи Хамилтон за титулата во 2016 година, одбележани со судири на патеката, незгодни коментари во медиумите и обидот на балансирање од Волф и другите шефови. Хамилтон вели дека разговорот во кујната во домот на Волф во Оксфордшајр бил клучен.
„Кога сте во канцеларија не сакате да се сретнете со шефот таму, нели? Тоа е лоша околина. Но, кога сте дома, во опуштена атмосфера можете подобро да се договорите. Тогаш ги ресетиравме работите и веќе немаше негативности“, вели Хамилтон.
Состанокот очигледно функционираше, бидејќи Хамилтон доминантно стигна до својата четврта светска титула.