Top Sport

Спа-Франкошамп останува на календарот и во 2023

Една од омилените Ф1 патеки на возачите и на гледачите, Белгиското ГП во Спа-Франкошамп останува на календарот и следната сезона, потврдија од Формула 1 иако долгорочната иднина останува неизвесна.

По најавите за враќање на Катарското ГП следната сезона, потврдената трка во Лас Вегас и најавените нови трки во Кина и во Јужна Америка, беше неизвесно дали Спа ќе добие место во 2023. Но, откако јужноафриканската патека Кијалами најверојатно нема да биде подготвена за следната сезона, се отвори место за Белгија да остане на календарот.

Ф1 календарот има максимални 24 трки по инсистирање на Формула 1 тимовите.

Scroll to Top