Top Sport

Стјуарт: Финишот во Абу Даби беше чисто тркање, а не Холивуд

Трикратниот Ф1 шампион, Сер Џеки Стјуарт ја отфрла идејата дека контроверзниот финиш на Ф1 сезоната 2021 во Абу Даби бил „фабрикуван“ за да се зголеми интересот на фановите, оценувајќи дека се работело за „чисто тркање, а не Холивуд“.

Одлуката на директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси да не ги искористи вообичаените правила за рестарт зад безбедносно возило и да дозволи еден круг тркање донесе драматична завршница во која Макс Ферстапен го помина Луис Хамилтон за да стане шампион.

Ова наиде на бес кај фановите на британскиот возач, кои сметаа дека се работи за „местенка“ откако Хамилтон беше убедливо најбрз во текот на трката. Но, Стјуарт смета дека Маси ја направил вистинската одлука титулата да се реши на патеката.

„Тоа беше вистинската одлука и немаше вклученост на работи од филмскиот бизнис. Ова не беше Холивуд, туку беше чисто тркање и фановите ја ценеа автентичноста на тој момент. Никогаш во историјата на Ф1 немаше вакво финале. Дали требаше да има црвено знаме? Зошто? Немаше причина. Луис Хамилтон е многу разочаран, но не треба да биде, бидејќи комплетираше голема сезона“, вели Стјуарт.

Scroll to Top