Top Sport

Страшна несреќа на Налбандијан на релито Аргентина (Видео)

Поранешниот финалист на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон, Давид Налбандијан, доживеал тешка сообраќајна несреќа, од која се извлекол без посериозни последици.

Релито е гола страст на Налбандијан, поради што тој решил да се натпреварува на државниот шампионат во рели.

Поранешниот тенисер, се извртел со својот автомобил, откако лошо влегол во еден не толку опасен свиок.

„Бев во публиката и некои луѓе го снимија целиот инцидент. Беше застрашувачки. Дојде и возило на итната медицинска помош. Го спаси тоа што автомобилот имаше воздушно перниче и добра заштита. Излезе без повреди, но беше потресен од случката“, рекол еден очевидец на инцидентот.

Недолго по инцидентот Налбандијан на „Твитер“ објавил дека се чувствува добро.

„На ‘Ентре риос’ релито за време на осмиот тест имавме проблем со автомобилот. Околностите на патеката и механичките проблеми предизвикаа извртување на автомобилот. Сакам да демантирам во оваа прилика дека не се чувствувам добро“, напишал Налбандијан.

https://twitter.com/elintransigente/status/1051851741866659841

Инаку ова не е прв пат, некогаш третиот играч на АТП листата да доживее автомобилска несреќа. Речиси на идентичен начин тој имаше несреќа во април оваа година, а уште полош ситуација имал и во ноември 2016 година.

Scroll to Top