Ленс Строл бил заразен со коронавирусот поради што не возел на последната трка во првенството на Формула 1, Големата награда на Ајфел. На неговото место во квалификациите и на трката во Нинбургринг се појави Нико Хулкенберг, кој на крајот го освои осмото место.
Строл објави дека на последниот тест бил негативен и дека добил дозвола да вози на трката во Португалија.
Младиот Канаѓанец е вториот возач кој бил заразен со вирусот од почетокот на сезоната. Во август, една трка пропушти неговиот тимски колега Серхио Перез.