Top Sport

Строл: Во Вилијамс не знаеја да го развиваат болидот

Новиот канадски возач на Рејсинг поинт Ф1 (поранешниот тим на Форс Индија), Ленс Строл влезе во напад на неговиот претходен тим, Вилијамс, оценувајќи дека тие не знаеле како да го развиваат својот болид.

20-годишниот Строл ги помина првите две сезони во Ф1 со тимот на Вилијамс, откако неговиот татко, милијардерот Лоренс Строл беше спонзор на тимот, но Педи Лоув, техничкиот директор на тимот изјави дека младиот Канаѓанец едноставно пристигнал „прерано“ во Ф1.

Таткото Строл го откупи тимот на Форс Индија лани и сега тој ќе вози покрај Серхио Перез во многу поконкурентен тим.

„Сè што можам да кажам за минатата година е дека тој болид беше лошо направен и инженерите не знаеја како да го развиваат во текот на сезоната. Кога го тестирав болидот на Форс Индија во Абу Даби два дена по крајот на сезоната бев за 1.4 секунди побрз во болид кој не сум го видел“, вели Строл.

Scroll to Top