Шефот на Ферари, Матија Биното изјави дека нема намера да ги менува пилотите Себастијан Фетел и Шарлс Леклер во следната сезона.
„Имаме на располагање двајца возачи на висока класа, па не гледам причина да го сменам составот за следната сезона“ – изјави Биното.
Што се однесува до Леклер, тој добро се справува со притисокот во својата дебитантска сезона во Формула 1 шампионатот.
„Да, тој прави грешки, но се обидува да ги научи и да не ги повтори. Тој е експерт и секогаш добро знае да ги користи пневматиците. Секако дека не сме среќни кога ќе направи грешка како онаа во Силверстоун, но очекуваме набрзо да фати ритам и да реди посакувани резултати“ – рече првиот оперативец на Ф1 тимот Ферари.
Шефот на италијанската екипа не застанува првпат во одбрана на четирикратниот светски првак. Тој тоа го стори и пред трката во Унгарија.