Екипата на Вилијамс соопшти дека Џорџ Расел и Николас Латифи ќе возат за овој тим и наредната сезона во Формула 1.
Расел и Латифи се под договор со тимот и за 2021 година, меѓутоа медиумите шпекулираа дека еден од нив ќе го напушти тимот. Наводно, новите сопственици го сакале Серхио Перез, кој ќе остане без тим.
Семејстовот Вилијамс неодамна го продаде тимот на инвестицискиот фнд Дорилнтон капитал.
Шампионатот на Формула 1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Емилија Ромања, која ќе се вози во Имола.