Ужасните сцени ни доаѓаат од Зашсенринг каде викендов ќе се вози трката за Големата награда на Германија. Шпанскиот мотоциклист, од тимот на Репсол Хонда, Пол Еспаргаро доживеа тежок пад.
На почетокот изгледаше многу лошо бидејќи Еспаргаро не можеше да стане. Но, со помош на обезбедувањето и луѓето околу патеката успеа да стане, а степенот на повредите ќе се знае откако ќе му бидат извршени лекарски прегледи.
За Еспаргаро и претходно падна, на првиот тренинг. Шпанецот два пати падна во првиот свиок на патека.