Неколку фабрички тимови што се натпреваруваат во Мото ГП шампионатот се жалеле на аеродинамиката што ја имале тројцата возачи на Дукати на трката на Големата награда на Катар. Случајот ќе заврши во Судот за жалби.
Сите фабрички тимови, со исклучок на Јамаха, сметаат дека возачите на Дукати имале недозволени аеродинамички подобрувања на задниот дел.
Жалби поради тоа вложиле Сузуки, Хонда, Априлија и КТМ. Тие сметаат дека Андреа Довициозо, Данило Петручи и Џек Милер имале недозволени подобрувања во аеродинамиката на своите мотоцикли.
Довициозо и Петручи се возачи на Дукати, а Милер вози за Прамак Дукати.
Жалбите се проследени до надлежниот суд, со цел да бидат собрани повеќе информации за овој случај, а резултатите постигнати на Големата награда на Катар нема да бидат променети.
Вчерашната трка во Катар донесе исклучителна борба помеѓу возачите, разликата помеѓу првиот и петтиот беше осум десетинки, а Довициозо го победи Маркез за 23 илјадиди делови од секундата.