Top Sport

Торо Росо го покажа новиот болид

Екипата на Торо Росо која се натпреварува во шампионатот на Формула 1, во понеделникот, во Барселона имаше официјална промоција на новиот болид.

Болидот ја носи ознаката СТР13 и е опремен со Хонда РА618Х моторот кој три сезони беше во болидите на Мекларен, пред британската компанија да го раскине договорот поради слабите перформанси.

Минатата недела, во Мизано, можност да го испроба новото возило имаше Новозеланѓанецот Брендон Хартли еден од двајцата возачи на Торо Росо. Хартли ќе го тестира болидот и денес, додека утре перформансите ќе ги испроба неговиот тимски колега Французинот Пјер Гасли.

Визуелно болидот наликува на овој од минатата сезона, во која возачите на Торо Росо освоија 53 бода.

Новата Формула 1 сезона ќе започне на 25.март во Мелбурн со трката за Големата награда на Австралија.

Scroll to Top