Стариот ривал на Луис Хамилтон и поранешен другар од детството, Нико Розберг вели дека титулата не го прави Англичанецот најдобар возач во сезоната 2018, туку таа „титула“ ја заслужува Макс Ферстапен, асот на Ред бул рејсинг.
Ферстапен имаше лош старт на сезоната, правејќи грешки во пет од првите шест трки од сезоната, но затоа во вториот дел од годината имаше 10 подиуми во 15 трки. Токму ова го импресионираше Розберг, кој имаше луто ривалство со Хамилтон и го победи за титулата во 2016 година пред да замине во пензија.
„Ферстапен покажа дека знае да учи од грешките, а брзината секогаш беше тука. Во вториот дел од сезоната, тој беше најдобриот возач во Ф1. Заврши феноменална работа и беше забавно да се гледа. Дали ќе може до титулата во 2018, тоа зависи од Ред бул. Потребно е време да се научат работите, освен ако не се викаш Луис Хамилтон“, вели Розберг.
Congrats @LewisHamilton and @MercedesAMGF1 for an awesome season!! pic.twitter.com/2m32Y8ZMqp
— Nico Rosberg (@nico_rosberg) November 25, 2018