Top Sport

Три трки откажани, додадена една во Европа

Мото ГП трките во Аргентина, Тајланд и Малезија нема да се возат оваа година. Дорна соопшти дека во календарот ќе биде вметната уште една трка која ќе се вози во Европа.

Таа трка на програмата ќе биде од 20 до 22 ноември и со неа ќе заврши сезоната. Името на домаќинот ќе биде објавено на 10 август.

Во исто време постигнат е договор трката во Тајланд да остане во календарот на Мото ГП до 2026 година. Во Дорна процениле дека трките на патеката во Буринам бил исклучително успешни во изминатите две години.

Челниците на Мото ГП започнале разговори со промоторите на трките во Аргентина и Малезија во врска со термините во 2021 година.

„Страста во Термас де Рио Ондо (Аргентина), Буринам (Тајланд) и Сепанг (Малезија) е неверојатна, таква атмосфера му е потребна на нашиот спорт. Многу сме тажни што моравме да ги откажеме оваа сезона“, рекол извршниот директор на Дорна Кармело Еспелета.

Scroll to Top