Top Sport

Трошење на пари – само Алонсо постави време во Барселона

Фернандо Алонсо во Мекларен беше единствениот возач кој постави време на третиот ден тестирање во Барселона по проблемите со снегот во утринската сесија и силен дожд во текот на попладнето.

Само пет болиди излегоа на патеката „Каталуња“ во текот на денот, а Алонсо комплетираше 11 кругови, најмногу од сите. Стартот на сесијата беше одложен три часа поради снегот, кој продолжи да паѓа во текот на утрото.

Иако попладнето патеката беше „отворена“, првиот болид се појави по еден час пауза, кога Алонсо комплетираше еден круг. Даниел Рикјардо во Ред бул исто така излезе на патеката, но веднаш излета. Маркус Ериксон, Роберт Кубица и Брендон Хартли беа единствени други возачи кои злегоа на патеката.

Иако ова беше „апсолутно трошење пари“, како што се пожалија шефовите на тимовите, Мекларен може да се пофалат дека биле најбрзи на прв тест од 2014 во Херез.

До стартот на сезоната во Австралија има само уште пет дена тестирање – уште утре оваа недела и четири дена следната недела, кога се очекува подобро време.

Уште ова не сме виделе – Формула 1 и снег! (галерија)

Scroll to Top