Top Sport

Цунода имаше несреќа и ги реши квалификациите на Хунгароринг (ВИДЕО)

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува прв на трката за ГН на Унгарија. Норис ја освои третата пол-позиција во кариерата пред неговиот тимски колега Оскар Пјастри, односно актуелниот шампион Макс Верстапен.

Во топ 10 завршија Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Чарлс Леклер, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Даниел Рикиардо и Јуки Цунода.

Важен детал беше несреќата на Јуки Цунода, кој на две минути пред крајот на квалификациите му нанесе штета на својот болид, како и појава на црвени знамиња.

Додека се санираше штетата, на Хунгароринг почна да врне дожд, а во тој момент водечките позиции им припаднаа на Норис и Пјастре, пред Верстапен и Карлос Саинц.Трката на Хунгароринг ќе се вози во недела од 15 часот. Верстапен е лидер во генералниот пласман со 255 бодови, втор е Норис со 171, додека трет е Шарл Леклер со 150 бодови.

 

Scroll to Top