Top Sport

ТВ правата за НАСКАР се платени со 7,7 милијарди долари

НАСКАР, шампионатот во автомобилизам со седиште во САД, е многу популарен во оваа северноамериканската земја. За тоа сведочи и новиот договор за телевизиските права што го потпиша раководството на првенството, целата соработка вреди нереални 7,7 милијарди долари.

Договорот ќе трае од 2025 до 2031 година, а во него се воведени новини во однос на претходниот договор: елементи на „стриминг“ и уште два медиумски партнери.

Досегашните медиумски партнери, Фокс спорт и Ен-би-си ќе останат, а сега трките во овој шампионат ќе ги пренесуваат и Варнер Брос, Дискавери и Амазон.

Новиот договор е за 10% попрофитабилен од претходниот, кој истекува во 2024 година.

Scroll to Top