Давид Шумахер, син на поранешниот Ф1 возач Ралф и внук на легендата Михаел, сезонава ќе вози во ДТМ шампионатот за екипата на Мерцедес АМГ.
За младиот возач ова ќе биде прва сезона во овој шампионат. Неговиот татко возеше ДТМ, исто така за Мерцедес АМГ, во периодот од 2008 до 2012 година.
Давид ќе биде тимски колега со актуелниот шампион, Максимилијан Гец.
20-годишниот Давид Шумахер, последните две сезони возеше во Формула 3. Минатата сезона како возач на тимот Тридент, победи на патеката Шпилберг во Австрија.