Барселона е избрана за локација за зимското тестирање во Формула 1 поради една едноставна причина – таму речиси никогаш нема „остра“ зима и условите се совршени за брзо греење на гумите. До оваа година.
Утринската сесија на „Каталуња“ беше одложена поради неочекуваниот снег во Каталонија, а откако снегот се стопи, сесијата конечно започна три часа подоцна од предвиденото. Организаторите претходно размислуваа да го продолжат тестот со уште еден ден за тимовите да добијат повеќе километри.