Мото ГП легендата, Валентино Роси и неговата нова девојка, Франческа Софија Новело го прославија периодот на карневали во Италија со маскирање во поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди и Ванда Нара.
Роси, познат навивач на Интер, го облече целосниот дрес на италијанскиот клуб, додека Новело се пофали со црн фустан со розева јакна и секако, со русокоса перика.
Сагата околу 26-годишниот Икарди и неговото продолжување на договорот со Интер придонесе да му биде одземена капитенската лента и да ги зголеми шпекулациите за негово заминување (најверојатно во Јувентус).