Top Sport

Валентино Роси повторно e заљубен (галерија)

Валентино Роси го има прекарот „Доктор“ поради неговиот неверојатен успех во долгата Мото ГП кариера, но истиот прекар може да се искористи и за неговите љубовни врски, вклучувајќи ја и последната со моделот Франческа Софија Новело.

Магазинот „Ки“ успеа да ги „фати“ Роси и Новело како се бакнуваат, во уште еден „успех“ за италијанските папараци. Новело во Италија ја опишуваат како „новата Брук Шилдс“ поради сличноста со поранешната ѕвезда на филмот „Сината лагуна“.

Кои се претходните девојки на Роси? Во 2002 година тој имаше кратка врска со актерката Марина Стела, по што следуваше првата долгорочна врска со уште една прекрасна манекенка, Аура Роленцети со која беше четири години. По ова тој имаше кратка авантура со Елизабета Каналис, додека неколку врски останаа непотврдени, како со моделот Фернанда Леса и со тенисерката Флавија Пенета.

Следната долга врска беше тригодишна, со Аријана Матеуци, по што следуваше авантурата со туниската актерка Марва Клеби. Најдолгата врска на Роси е со Линда Морсели, со која беше од 2012 до 2016 година.

@antoniorivamilano ? #ADV

A post shared by Francesca Sofia Novello (@francescasofianovello) on

Scroll to Top