Top Sport

Вебер: Ферстапен нема болид кој ќе му ја донесе титулата

Марк Вебер, поранешен возал на Ред Бул, се сомнева дека болидот на Макс Ферстапен е доволно добар за да ја добија борбата за титулата со Луис Хамилтон.

На последната трка, Големата награда на Турција, Ферстапен го освои второто место. Прв, со предност од 14,5 секунди, трката ја заврши Валтери Ботас од Мерцедес. Хамилтон беше петти, откако порази казната стартуваше од 11.позиција. Британецот, во квалификациите, надмоќно ја освои пол-позицијата.

„Валтери беше одличен. Но по оваа трка не сум сигурен дека Ферстепн има болид кој ќе му ја донесе титулата. Да се обложев дека Макс ќе го нападне Ботас во Турција ќе изгубев многу пари“, рекол Австралиецот.

Вебер смета дека Мерцедес имаат поголеми шанси во борбата за титулата.

„Впечатокот е дека тие сега имаат подобар болид. И патеките кои се возат до крајот на сезоната повеќе им одговараат. Ќе биде интересно, мислам дека мала предност има Хамилтон.

Наредната трка во првенството на Ф1 ќе се вози во Остин, Тексас.

Scroll to Top