Top Sport

Вебер: Кога не му оди на Фетел, тој се губи!

Поранешниот клупски колега на Себастијан Фетел, Марк Вебер вели дека лидерот во генерален пласман попушта под притисок во некои трки кога работите не одат како што тој посакува.

Вебер и Фетел беа колеги во Ред бул од 2009 до пензионирањето на Австралиецот на крајот на 2013, период во кој Германецот освои четири светски титули. Сега, Вебер вели дека моменти како Азербејџанското ГП во 2017, кога Фетел се удри во Луис Хамилтон зад безбедносното возило покажува дека тој ја губи контролата.

„Себастијан ги имаше тие моменти, кои како што гледаме уште траат. Мислам дека секогаш има план, и дека таквите моменти се надвор од рутинското ГП – односно зад безбедносните возила. Во 2012 во Абу Даби се случи тоа, исто како и во Азербејџан лани. Кога го има тој неверојатен фокус и концентрација, чудо е што може да направи. Да освои пол-позиција, да направи фантастично претекнување… Тоа е неговата сила. Но, кога има компликација пред него, се менува ситуацијата“, вели Вебер.

Тој додава дека Фетел се мачи на квалификациите кога тимот не може да процени со кои гуми би се добиле најдобри перформанси.

„Тој навистина го мразеше тоа. Тој ги сака работите – бенг, бенг! Германски јасно. Кога работите не се едноставни Себ е збунет“, додава Вебер.

Scroll to Top