Фернандо Алонсо, Себастиен Буеми и Казуки Накаџима донесоа уште една победа на Тојота (трета во низа) со триумф на 6 часа Силверстон откако го преземаа водството во последниот час од трката.
Со ова се продолжува фантастичниот старт на Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) на Тојота по триумфите во Спа и Ле Ман, а победата е уште поимпресивна бидејќи доаѓа пред уште еден Тојота ТС050 хибрид автомобил на јапонската компанија, тој на Камуи Кобајаши, Мајк Конвеј и Хозе Марија Лопез.
Токму Алонсо успеа да го донесе водството за неговиот тим, и иако направи осум секунди предност, таа беше поништена по излегувањето на безбедносното возило. Шпанецот продолжи да прави предност, за на крајот Буеми да заврши со 19 секунди предност пред Кобајаши.
Третото место го освои Ребелион рејсинг со Р13 Гибсон со Густаво Менезес, Матијас Бехе и Томас Лаурент. Поранешниот Ф1 шампион Џенсон Батон имаше шанси за подиум откако во првиот час беше на третото место, но неговиуот СМП Рејсинг автомобил откажа на истекот на првиот час.
Chequred Flag out? @Toyota_Hybrid 1-2 and the #8 car @alo_oficial @Sebastien_buemi #KazukiNakajima take the #6hSilverstone victory!???#WEC pic.twitter.com/ZtYd0SOj4m
— WEC (@FIAWEC) August 19, 2018